Достапни линкови

Времето денеска: променливо облачно


Во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Од пладневните часови ќе има зголемена облачност од која понекаде во планините е можна и појава на слаб краткотраен дожд. Минималните температури од 2 до 10 степени, а максималните од 18 до 25 степени. Во Скопје, сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има краткотрајно зголемување на облачноста. Температурата од 8 до 21 степен.

XS
SM
MD
LG