Достапни линкови

Борис Џонсон во посета на Турција


Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон

Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон

Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон денеска ја почнува тридневната посета на Турција. Предвидено е Џонсон да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, со премиерот Бинали Јилдирим, со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и со министерот за Европска унија Јомер Челик.

„Џонсон пристигнува во Анкара за да ја покаже солидарноста на Обединетото Кралство со нашата земја по неуспешниот обид за воен удар на 15 јули, насочен против нашиот уставен ред“, се посочува во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Џонсон со претставниците на турската Влада ќе разговара и за актуелните настани во регионот и во светот, како и за можностите за интензивирање на билатералната соработка.

XS
SM
MD
LG