Достапни линкови

Порака од Виена - политичката криза да заврши со избори


Премиерот Емил Димитриев, на маргините на вчерашниот Самит „Миграцијата на балканската рута“ што се одржа во Виена одржа и голем број билатерални средби со дел од присутните европски лидери.

„Од сите колеги од земјите-членки на Европската унија со кои се сретнав беше искажана недвосмислена поддршка за македонско членство во ЕУ. Исто така, тие ни даваат поддршка и во справувањето со мигрантите и очекуваат дека политичката криза во Македонија ќе заврши со одржување на изборите во декември. Според нив, во ситуација на мигрантска криза, Македонија со една стабилна Влада ќе може поквалитетно да се справи со предизвиците и ќе биде покредибилен партнер на Европската унија, бидејќи со многу посилен фокус и енергија земјата ќе може да се концентрира на оваа проблематика“, изјави премеирот Димитриев по средбите во Виена.

Димитриев се сретна со австрискиот канцелар Кристијан Керн, кој беше домаќин на Самитот, како и со претседателите на Владите на Унгарија, Виктор Орбан, на Словенија, Миро Церар и на Хрватска, Тихомир Орешковиќ.

XS
SM
MD
LG