Достапни линкови

Објавена полициската снимка од убиството во Шарлот


Властите во Шарлот во американската сојузна држава Северна Каролина ги објавија полициските снимки и фотографии од убиството на еден Афроамериканец минатата недела. Тие објавија слики од пиштол и марихуана за кои полицијата вели дека застреланиот Кит Скот ги поседувал.
Полицаец, исто така Афроамериканец го застрела Скот на 20 септември што предизвика насилни протести.
Семејството на Скот вели дека тој држел книга, а не оружје. Но шефот на полицијата во Шарлот, Кер Патни изјави дека застреланиот маж носел оружје. Според Патни,Скот, извршил и друго кривично дело, но тој не кажа какво.
Во видеото кое го направила сопругата на Скот со мобилен телефон, може да се чуе како таа извикува не го убивајте не е вооружен.

XS
SM
MD
LG