Достапни линкови

Ципрас - Праведно и солидарно да се распореди товарот со бегалците


Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска во Виена порача дека раководењето со бранот бегалци и мигранти не треба да се смета како проблем на земјите од прв прием или државите долж балканската рута, туку треба односот кон ова прашање да биде колективен со покажување солидарност и праведна распределба на товарот.

На Самитот за бегалската криза во Виена, Ципрас рече дека тој проблем треба да се третира согласно меѓународните закони.

Ципрас ги повика земјите кои имаат забелеши и сметаат дека бегалците треба да се вратат преку море, отворено тоа да им го кажат на европските тела и на Фронтекс.

Тој оцени дека примената на договорот меѓу ЕУ и Турција е од огромно значење, нагласувајќи дека е неопходно Турција да ги зајакне своите акции со цел да го ограничи приливот на бегалците.

XS
SM
MD
LG