Достапни линкови

Пет жртви во нападот во трговски центар во Бурлингтон


Илустрација

Илустрација

Бројот на убиени во пукањето во еден трговски центар во САД се искачи на пет, откако мажот што беше тешко повреден им подлегна на повредите. Претходно беше соопштено дека четири жени беа убиени, а еден маж тешко повреден во нападот во трговски центар северно од Сиетл, по што напаѓачот избегал, соопшти полицијата од американската сојузна држава Вашингтон.

Пукањето се случило во 19:30 по локално време, односно во 4:30 изутрината по македонско време, во трговски центар во градот Бурлингтон, на околу 100 километри северно од Сиетл. Полицијата соопшти дека трага по маж со латиноамериканско потекло облечен во црно и вооружен со пушка, кој последен пат е виден како го напушта трговскиот центар и се упатил кон меѓудржавниот автопат.

Телевизијата Ен-Би-Си њуз, повикувајќи се на полицијата, објави дека нема индиции дека се работи се терористички чин.

Очевидци за локалните медиуми изјавиле дека вооружениот напаѓач влегол во еден дуќан и почнал да пука, по што околните дуќани биле евакуирани.

XS
SM
MD
LG