Достапни линкови

logo-print

Туск – Соработка со балканските држави за решавање на мигрантската криза


Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој денеска присуствува на Самитот „Мигрантската рута на Балканот“ во Виена, пред почетокот на состанокот изјави дека „предуслов за решавање на мигрантската криза е тесна соработка на ЕУ со нејзините партнери на Балканот“.

Според челникот на Евросоветот, кој заедно со комесарот за внатрешни работи и миграциски прашања Димитрис Аврамопулос ги претставуваат ЕУ-институциите денеска во Виена, денешните разговори во австриската престолнина се со цел да се постигне договор „како да се подобри ефикасноста на активностите“.

„Ние треба да потврдиме, како политички, така и во пракса, дека западно-балканската рута на нелегална миграција е засекогаш затворена. Ова е причината зошто јас сум среќен што канцеларот на Австрија, Кристијан Керн, презеде иницијатива и го организира овој состанок“, додаде Доналд Туск.

На денешниот Самит во Виена, покрај канцеларот Керн, кој е домаќин, присуствуваат и германската канцеларка Ангела Меркел, премиерите на Унгарија, Виктор Орбан, на Романија, Дачијан Чолош, на Словенија, Миро Церар, Хрватот Тихомир Орешковиќ, Бојко Борисов од Бугарија, како и премиерите на Република Македонија, Србија и Албанија, Емил Димитриев, Александар Вучиќ и Еди Рама, како претставници на не-ЕУ земјите што се наоѓаат на западно-балканската бегалска рута.

XS
SM
MD
LG