Достапни линкови

Димитриев на самит за мигрантската криза во Австрија


Премиерот Емил Димитриев

Премиерот Емил Димитриев пристигна во Виена каде на покана на австрискиот канцелар Кристијан Керн ќе присуствува на утрешниот Самит „Миграцијата долж балканската рута“. Димитриев изјави дека тоа е важен состанок за иднината на земјите долж рутата и справувањето со бегалската рута. Тој порача дека на утрешниот самит ќе го истакне тоа што Македонија ретроспективно го направила во справувањето со светската глобална тенденција за мигрирање на голем број на народи.

Според него, без разлика што Македонија е мала земја со ограничени ресурси, сепак одиграла една од клучните улоги во справувањето со мигрантската криза и била една од клучните земји на балканската рута на движење на мигрантите. Во однос на неговите очекувања од самитот, Димитриев рече дека истите се големи од аспект дека на средбата се очекува поконкретен договор за менаџирање на идни такви слични предизвици.

XS
SM
MD
LG