Достапни линкови

Заев со предупредувачко писмо до амбасадорите


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев испрати писмо до амбасадорите кои се гаранти на договорот од Пржино во кое, како што соопштија од партијата предупредува на повеќе чекори на владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ што се во насока на уривање на изборниот процес и натамошно усложнување на политичкиот кризен амбиент во земјава. Во писмото, како што наведуваат од опозицијата, се истакнува и искрената посветеност на СДСМ за градење амбиент за слободни, фер и демократски избори во усогласениот датум 11 декември 2016 година, но и загриженост дека другата страна има поинакви намери и работи против изборите.

Како основа за таквата загриженост Заев укажал на натамошната политичка инструментализација на Уставниот суд и неговото неизјаснување за уставноста на Законот за СЈО, како и инсистирањето на власта за усвојувањето на Буџетот пред распуштање на собранието.

„Остануваме со убедување, дека е неопходно да продолжи позитивниот процес на градење доверба за одговорно политичко ангажирање во пресрет на вонредните парламентарни избори на 11 декември 2016 година – како неопходен исчекор кон надминување на постојната политичка криза и градење на демократски амбиент во држвата“, се вели во писмото на Заев до амбасадорите.

XS
SM
MD
LG