Достапни линкови

Австрија очекува решение од ЕУ за миграциската криза


Австрискиот канцелар Кристијан Керн

Австрискиот канцелар Кристијан Керн

Австрискиот канцелар Кристијан Керн изрази надеж дека на самитот во претстојниот викенд на која тој ќе биде домаќин ќе ја натера ЕУ да преземе побрзи дејствија за справување со миграциската криза. Во фокусот на разговорите утре се очекува да биде миграцијата на балканската рута. Керн во интервју за австрискиот весник „Стандард“ истакна и дека средбата е обид да се забрза процесот на заедничко решение во ЕУ. Според него, неопходно е да се донесе одлука дали треба да се засили пограничната безбедност.

На самитот најавено е дека ќе учествува грчкиот премиер Алексис Ципрас, претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск, германската канцеларка Ангела Меркел, како и премиерите на Словенија, Македонија, Хрватска, Албанија, Унгарија, Бугарија и Србија.

XS
SM
MD
LG