Достапни линкови

Ердоган: САД им даваат оружје на курдите во Сирија


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини Соединетите држави дека и испорачале оружје на курдски организации за кои Анкара смета дека се терористички. „Доколку мислите дека ќе ја уништите Исламската држава со помош на Силите за заштита на народот и партијата Демократска унија нема да успеете, бидејќи тие исто така се терористички групи“, изјави Ердоган за турската телевизија, додавајќи дека пред три дена САД со авиони доставиле два товара со оружје во Кобане за овие групи. Тој додаде дека за ова разговарал и со американскиот потпретседател Џо Бајден и оти тој не знаел за оваа испорака на оружје. Изјавата на Ердоган дадена вчера во Њујорк може да ги зголеми тензите меѓу Анкара и Вашингтон по прашањето за американската поддршка за курдските Сили за заштита на народот, кои учествуваат во операциите против ИД во Сирија.

XS
SM
MD
LG