Достапни линкови

Попоски: решението за спорот со името е уште далеку


Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, по средбата со грчкиот колега Никос Коѕиас во Њујорк, изјави дека решението за разликата околу уставното име се уште е далеку, но оти односите меѓу двете земји се подобрени. „Во овој дух течат разговорите и мислам дека во овој дух сепак ќе продолжат, бидејќи ова не е период во којшто ние можеме да го решиме долгогодишното најтешко прашање во нашите билатерални односи“, изјави Попоски. Тој додаде дека ја изразил својата загриженост на претставничката на Европската Унија Федерика Могерини и на еврокомесарот Јоханес Хан за размислувањата да се воведат парични такси и претходно пријавување за патување низ ЕУ за државјани на земји кои имаат безвизен патен режим. Могерини и Хан одговориле дека ваквата мерка не е договорена, и дури и да биде, не би била воведена наскоро.

XS
SM
MD
LG