Достапни линкови

logo-print

На средбата меѓу Ципрас и Бан Ки Мун присуствувал и Нимиц


Прашањето за името на Македонија била една од темите за кои разговарале грчкиот премиер Алексис Ципрас и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун. На средбата во Њујорк, како што јави МИА од Атина, бил присутен и медијаторот Метју Нимиц. Според грчки владини извори, генералниот секретар на ОН ги смета за „особено позитивни“ мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција. Ципрас, од своја страна, повторил дека Грција има цврст став за прашањето за името, но и оти вложува напори да се најде решение за сложено име со георгафска одредница за вкупна употреба.

XS
SM
MD
LG