Достапни линкови

Попладне продолжение на комисиската седница за Извештајот на СЈО


Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска треба да ја продолжи расправата за работата на Специјалното јавно обвинителство. Синоќа расправата на Комисијата беше прекината откако специјалната јавна обвинителка поради, како што објасни, влошена здравствена состојба, замина од седницата. Од од СЈО информираа дека била побарана лекарска помош и оти здравствената состојба на обвинителката била под лекарски надзор и контрола. Во текот на изминатите два дена, Јанева одговараше на прашања на пратениците. На дневен ред на Комисијата е шестмесечниот Извештај на СЈО, како и Извештајот за работата на Јавното обвинителство. На заседанијата на Комисијата и вчера и во средата присуствуваа првите луѓе на обвинителствата Јанева и Марко Зврлевски.

XS
SM
MD
LG