Достапни линкови

logo-print

На специјалната обвинителка Јанева ѝ се слоши во Собрание


На специјалната обвинителка Катица Јанева ѝ се слоши, по што беше прекината расправата на собраниската Комисија за политички систем, каде два дена се разгледува вториот шестмесечен извештај за работата на СЈО. По што од Обвинителството преку соопштение се извинуваат што таа ја напуштила седницата.

„Навистина ми е жал што поради мојата здравствена состојба морав да ја напуштам седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и се извинувам на сите пратеници што денес не сум во можност повеќе да присуствувам на седницата“, наведува обвинителка Катица Јанева во писменото соопштение..

Во меѓувреме побарана е лекарска помош и здравствената состојба на обвинителката е под лекарски надзор и контрола, стои во соопштението од СЈО.

Претходно пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ остро ја критикуваа специјалната обвинителка Катица Јанева на комисијата за политички систем. Таа им одговараше со не помала жестина.

XS
SM
MD
LG