Достапни линкови

Рохани - светски сили шират тероризам


Иранскиот претседател Хасан Рохани ги обвини светски сили дека во изминатите 15 години ширеле тероризам, со што сметот станал, како што рече, помалку безбеден.

Рохани во обраќањето пред Генералното собрание на ОН рече дека репресијата и воената интервенција на некои земји придонесе тероризмот за да се прошири, а светот повеќе да не е безбеден.

Тој ја повика Саудиска Арабија, која им е регионален ривал, да престане да прави поделби на Блискиот Исток. Иранскиот претседател во својот говор се осврна и на договорот за нуклеарната програма на Иран постигнат со светските сили, велејќи дека договорот е добивка и за двете страни. Но го критикуваше односот на Вашингтон кон нуклеарниот договор и побара тој да се коригира.

XS
SM
MD
LG