Достапни линкови

Собранието не ги прифати предлог измените на законите за лустрација и извршување на Буџетот


Собранието на денешната 117. седница не ги прифати двете предлог законски измени од опозицијата, за измени на Законот за престанување на важење на законот за определување услов за ограничување за вршење јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, и за дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година.

Опозициската СДСМ смета дека Комисијата за лустрација повеќе не треба да постои и дека средствата треба да се пренасочат, поради тоа што таа не ја извршила функцијата за која била формирана.

Пратениците од владејачкото мнозинство потсетија дека процесот на лустрација е запрен, но оти Комисијата има обврска да ги заврши отворените предмети.


Собранието по расправата по предлог-законот за дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, поднесен од опозициските пратеници, го усвои заклучокот дека тој не е прифатлив и не може да се даде на понатамошно, односно второ читање.

XS
SM
MD
LG