Достапни линкови

Самит за бегалската криза во Виена


Macedonia - The reception center for migrants in Gevgelija - 9Mar2016

Macedonia - The reception center for migrants in Gevgelija - 9Mar2016

Премиерите од регионот в сабота ќе учествуваат на Самит за бегалската криза кој ќе се одржи во Виена. Самитот го организира австрискиот канцелар Кристијан Керн, а на него ќе учествуваат девет премиери од земјите на таканаречената балканска рута.

Европската комисија ќе ја претставвуа комесарот за миграција Дмитрис Аврамополос.

Исто така се очекува на собирот да учествува и претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск.

На Самитот најавено е дека ќе учествуваат грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој не беше поканет на претходниот собир, со што се создадоа тензии меѓу Виена и Атина,германската канцеларка Ангела Меркел, како и премиерите на Словенија, Македонија, Хрватска, Албанија, Унгарија, Бугарија и Србија.

„Посебно во врска со заштитата на надворешните граници и помошта на самото место мораме брзо да напредуваме, изјави Керн.

Тој очекува дека на Самитот ќе бидат изнесени различни ставови, но смета дека е неопходно дека сите што се погодени од балканската рута мораат да седнат на една маса и да разговараат за прашањето за бегалците.

Според неговите зборови со досегашното темпо на решавањето на проблемите не може да биде задоволен, па неоходно е тоа да се забрза. Затоа собирот во Виена треба да послужи и за вршење притисок со цел да се пронајде решение.


XS
SM
MD
LG