Достапни линкови

СЈО повторно ќе достави докази до Судот, откако им беа вратени


Специјалното јавно обвинителство повторно ќе ги достави доказите до Основниот суд Скопје 1 Скопје, кои им беа вратени денеска од Судот, соопштија од ова обвинителство. Од таму велат дека во писмениот допис доставен до Судот укажано е на непостоење на законски пречки судската служба да евидентира и прима класифицирани информации и на законските обврски секој орган кој работи со класифицирани информации да обезбеди административни и човечки ресурси за работа со класифицирани информации.

Од СЈО побарале и од Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Скопје да достави информации кои судии се определени да постапуваат во судските предмети оформени по поднесените обвинителни предлози од ова обвинителство. Од СЈО велат дека досега не биле официјално информирани кои судии постапуваат по овие обвинителни предлози. Но наведуваат дека кога им ги вратиле доказите во дописот имало и име на судија, па од СЈО велат дека во текот на утрешниот ден ќе биде поднесено и барање за изземање на судијата од постапување по конкретниот предмет.

XS
SM
MD
LG