Достапни линкови

Претставничкиот дом на САД одобрува оружје за Украина


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го поддржа законот со кој се повикува Украина да може да се снабдува со смртоносно оружје во борбата против проруските сепаратисти во источниот регион Донбас. Регулативата, кој доби поддршка на денешната седница, е последен обид на силните поддржувачи на Украина во Вашингтон за се зајакнат украинските воени сили. Украинските власти постојано бараат од Вашингтон напредно оружје, како противтенковски проектили, за да им се помогне во борба против сепаратистите. Но администрацијата на претседателот Барак Обама се спротивстави, стравувајќи дека со тоа ќе ескалираат борбите.
Наместо тоа, американските власти ја ограничија воената помош на панцири, системи за ноќно гледање, радари и друга опрема. Законската регулатива усвоена денеска, треба да оди во американскиот Сенат на разгледување. Регулативата има за цел и зголемување на финансиските средства во борбата против руската пропаганда.


XS
SM
MD
LG