Достапни линкови

logo-print

Европски суд: Русија да му плати оштета на контроверзниот „исцелител“


Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе одлука со која Русија мора да му исплати паричен надоместок рускиот контроверзен „исцелител“ Григри Грабовои. Судот смета дека руската влада треба да му исплато 2800 долари затоа што го држел Грабовои две години во притвор без судење, што е во спротивност со европската конвенција за човекови права.

Грабовои кој е роден во Казахстан отворил фондација во која добивал голема сума на пари од луѓе, на кои им ветувал дека ќе ги излечи од тешки болести и дека може да ги воскресне нивните починати роднини. Судот во Москва го осуди контроверзниот „исцелител“ во 2008-ма година на 11 годишна казна затвор по 11 обвиненија, додека друг суд подоцна ја намалил казната на 8 години. Во мај 2010 година, тој бил пуштен на условно. Неговиот случај стана познат во руската јавност откако беше откриено дека дел од родителите на децата загинати во заложничка драма во 2004 година биле корисници на неговите услуги.


XS
SM
MD
LG