Достапни линкови

logo-print

Македонија и Грција да го применат искуството на Хрватска и Словенија


Борут Пахор

Борут Пахор

Македонија и Грција можат да го применат искуството на Словенија и Хрватска во решавањето на отворените билатерални прашања, изјави словенечкиот претседател Борут Пахор по средбата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан одржана на маргините од Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Соред него, неопходен е компромис, како и соработка од другите држави во регионот.

"Словенечко-хрватското искуство покажува дека се исплати да се преговара и да се бараат решенија", рекол Пахор алудирајќи на договорот што го постигнаа Љубљана и Загреб околу спорот за морската граница, по што Словенија ги деблокира преговорите на Хрватска за членство во ЕУ.

XS
SM
MD
LG