Достапни линкови

Шефовите на дипломатиите од Западен Балкан на средба со Могерини и Хан


Во рамки на 71-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, министрите за надворешни работи на државите од Западен Балкан се состанаа со еврокомесарот Јоханес Хан, високиот претставник на ЕУ Федерика Могерини, како и во рамките на Јадранската повелба со која годинава претседава Хрватска.

Поблиска регионална соработка и активна поддршка од членките на ЕУ и НАТО кои се наоѓаат во регионот, за целосна интеграција на земјите-кандидати, беа дел од темите за кои разговараа, соопшти Министерството за Надворешни Работи на Република Македонија.

XS
SM
MD
LG