Достапни линкови

Во Шарлот насилства, распоредена националната гарда


Насилствата во најголемиот град во Северна Каролина, Шарлот траат веќе две ноќи откако демонстранти се судрија со полицијата по убиството на еден афро американец. Ова убиство извршено од полицаец е последното во серијата на слични инциденти во неколку градови во САД кои предизвикаа протести и дебата за расната рамноправност, сиромаштијата и полициските надлежности. Еден човек бил сериозно повреден на протестите по улиците на Шарлот. Полицијата која употреби солзавец и шок бомби соопшти дека не била одговорна за ранувањето на демонстрантот. Ден претходно, најмалку 16 полицајци беа повредени во судирите со демонстрантите.

XS
SM
MD
LG