Достапни линкови

Азербејџан ги отфрли критиките од Советот на Европа


Азербејџанските власти ги отфрлија критиките од експертите на Советот на Европа за предложените измени на азербејџанскиот устав кои ќе бидат гласани на референдум на 26 септември.

Шанин Алијев, раководител на правниот оддел во канцеларијата на претседателот, рече дека негативното мислење на советот на европската Венецијанска комисија е избрзано и неосновано.

Венецијанската комисија денеска соопшти дека многу од нацрт предлозите на владата во Баку сериозно ќе ја нарушат контролата на власта и ќе му ја зголемат моќта на претседателот.

Алијев на брифинг со новинарите рече дека ги виделе забелешките, но дека тие биле политички мотивирани, а дека комисијата користела ултиматуми. Соработникот на претседателот рече и дека тие биле изненадени што комисијата не побарала од Азербејџан какви било разјаснувања за предложените уставни измени пред да ги објави своите забелешки.

Алијев додаде и дека предложените измени биле направени за да се подобри работата на владата и да се помогне во политичките и економските реформи.

XS
SM
MD
LG