Достапни линкови

Смртоносен напад на медицински објект во Сирија


Меѓународна организација за медицинска помош соопшти дека најмалку четворица нејзини вработени загинале во воздушен напад на медицински објект во Сирија. Медицинската организација со седиште во Париз соопшти дека нападот се случил доцна вчера јужно од Алепо, во градот Кан Тоуман кој е под контрола на бунтовниците.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија соопшти дека загинале најмалку 13 луѓе, вклучувајќи и четири медицински сестри и болничари и девет бунтовници- некои од нив припадници на Џабхат Фатах ал-Шам, поранешна ал- Каеда која се поврзува со ал-Нусра.

Нападот следува ден по нападот врз камиони со помош и магацин во кој загинаа околу 20 цивили. Поради тоа Обединетите нации ги запреа сите хуманитарни конвои во Сирија. Соединетите Американски Држави соопштија дека ја сметаат Русија одговорна за нападот, но Москва силно негираше вклученост.

XS
SM
MD
LG