Достапни линкови

САД му дозволи на Ербас продажба на авиони на Иран


Ербас соопшти дека американската влада му одобрила на европскиот воздушен гигант продажба на првите 17 авиони од важниот договор со Иран. Портпаролот на Ербас Џастин Дубон за агенцијата Асошиејтед Прес рече дека првите 17 авиони ќе бидат А320с и А330с.

Претходно годинава националниот авиопревозник Иран Ер потпиша договор за купување на 118 авиони од Ербас во вредност од околу 22,8 милијарди евра. Ваквиот договор стана возможен по минатогодишниот историски нуклеарен договор, со кој се тргнаа санкциите за Иран.

Иако е европска компанија на Ербас му е потребно одобрение за продажба од САД бидејќи во авионите има многу делови што се произведени во Америка.

И Ербас и Боинг се согласија да му продадат авиони на Иран ер во акцијата на Техеран за обнова на авиацискиот сектор по години меѓународни санкции поради контроверзната нуклеарна програма.

XS
SM
MD
LG