Достапни линкови

logo-print

Повреден маж во близина на амбасадата на Израел во Анкара


Маж кој држел нож е повреден од огнено оружје од страна на безбедносните сили во близина на амбасадата на Израел во Анкара.

Канцеларијата на гувернерот на турскиот главен град денеска соопшти дека осомничениот кој е Турчин по националност изгледал како ментално нестабилен, а засега немало информации за поврзаност со која било терористичка група.

Според извештаите, полицајците кои ја чуваат амбасадата пукале во неговата нога откако тој извадил нож свиткан во весник и не ги послушал предупредувањата да го фрли.

Портпаролот на израелското министерство за надворешни работи Емануел Нахсон рече дека не се знае дали човекот сакал да ја нападне полицијата или амбасадата. Никој од дипломатското претставништво не е повреден.

Неколку амбасади беа затворени минатата недела во Анкара по информациите за можни напади.

XS
SM
MD
LG