Достапни линкови

logo-print

Разрешен ирачкиот министер за финансии


Ирачките пратеници го разрешија министерот за финансии Хошијар Зебари. Мнозинството пратеници денеска му изгласаа недоверба откако минатиот месец беше на распит за обвинувањата за корупција кои тој ги негираше.

Зебари, Курд кој претходно со години ја извршуваше функцијата министер за надворешни работи стана прв човек на ресорот финансии во 2014 година.
Периодов тој ги води преговорите со Меѓународниот монетарен фонд за договор за заем и со меѓународните кредитори за еврообврзница.

Ирачката економија беше погодена од светскиот пад на цените на нафтата и од трошоците поврзани со борбата против Исламска држава.

XS
SM
MD
LG