Достапни линкови

logo-print

Протести во Шарлот-САД, повредени 12 полицајци


Американската полиција соопшти дека 12 полицајци биле повредени за време на протестите предизвикани од полициско пукање во сојузната држава Северна Каролина. Бесните демонстранти уништиле полициски возила и блокирале автопатишта и улици во градот Шарлот, каде што вчера се случило пукањето. Полицијата употребила солзавец за да ја растера толпата.

Претходно, полицаец- црнец го застрелал Кејт Ламонт Скот, исто така црнец, кој подоцна починал во болница. Полицијата соопшти дека тој носел пиштол и претставувал непосредна смртна закана, но роднините рекле дека Кејт држел книга.

XS
SM
MD
LG