Достапни линкови

Јанева и Зврлевски презентираат Извештаи во собраниска комисија


Архивска фотографија

Архивска фотографија

Специјалната обвинителка Катица Јанева во Собранието на Република Македонија пред членовите во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе го презентира Шестмесечниот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство. На седницата присутен е државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, кој ќе го презентира Годишниот извештај за работата на Јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година.

Собраниската седница, пак, на која ќе бидат разгледувани извештаите на обвинителствата, претседателот на Собранието ја закажа за понеделник, 26 септември.

Специјалната обвинителка Катица Јанева минатата недела изјави дека е подготвена да го презентира вториот шестмесечен извештај пред Собранието на Република Македонија и пред Советот на јавни обвинители.

XS
SM
MD
LG