Достапни линкови

Средба меѓу Бајден и Порошенко за реформите во Украина


Американскиот потпретседател Џо Бајден, како што соопшти Белата куќа, му рекол на украинскиот претседател Петро Порошенко дека реформите во енергетскиот сектор во Украина се императив и оти тој процес мора да биде забрзан. Бајден на состанокот кој се одржал на маргините на Генралното собрание на ОН во Њујорк, исто така побарал од Порошенко дека треба да стори повеќе за справување со корупцијата во судсвтото во Украина. Бајден додал дека американската администрација е подготвена да и даде дополнителен заем на Украина од милијарда долари.

XS
SM
MD
LG