Достапни линкови

Обвинение за осомничениот за нападите во Њујорк


Американските фередални обвинители покренаа обвинување против 28 годишниот американец со авганистанско потекло за употреба на оружје за масовно уништување, а во врска со нападот во текот на изминатиот викенд во Менхетен. Ахмад Кан Рахами е обвинет и за планирање серија бомбашки напади во Њујорк и Њу Џерси. Тој беше упасен откако беше ранет по престрелката со полицијата. Истражителите соопштија дека Рахами поставил две експлозивни направи во Челзи. Од првата биле ранети 30 луѓе додека втората не експлодирала.

XS
SM
MD
LG