Достапни линкови

logo-print

Белград ќе ги брани Босанските срби


Србија ја предупреди Босна и Херцеговина дека ќе ги брани Босанските срби доколку бидат нападнати по најновите тензии пред планираниот референдум во Република Српска кој официјално е забранет од властите во Сараево. Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ оцени дека Србија „секако нема да дозволи уништување или воен напад“ врз Република Српска. Претходно поранешниот командант на босанската армија Сафер Халиловиќ изјави дека, без помош од Белград, Република Српска не би издржала ни 15 денови против федералните сили. На 25 септември во Република Српска треба да се одржи референдум за тоа дали 9 јануари да биде прославуван како Ден на оваа автономна покраина во БиХ.

XS
SM
MD
LG