Достапни линкови

Белата куќа ја обвини Русија за нападот врз конвојот на ОН во Сирија


Белата куќа експлицитно ја обвини Русија за воздушниот напад врз конвојот со хуманитарна помош во Сирија. Заменик советникот за национална безбедност Бен Родс изјави дека за овој напад би можеле да стојат или силите на сирискиот режим или руската влада. Во нападот што се случи на 19 овој месец врз конвој камиони загинаа најмалку 20 цивили. Тоа ги натера Обединетите нации да ги прекинат хуманитарните конвои за Сирија. Руското министерство за одбрана демантираше дека руски воени авиони учествувале во нападот, наведувајќи дека зад него можеби стоеле милитантите на Фронтот Ал Нусра.

XS
SM
MD
LG