Достапни линкови

logo-print

ЕУ до Косово - Либерализација по ратификација на демаркацијата


осовскиот премиер Иса Мустафа, придружуван од шефот на дипломатијата Енвер Хоџај, за време на престојот во Њујорк оствари средби со претседателот на Советот на Европа Доналд Туск и високата претставничка на Европска унија за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини.

Премиерот Мустафа ги информирал за забележаниот прогрес во Косово и определеноста на Косово за европските процеси. При тоа тој побарал поддршка од Туск и Могерини за визна либерализаиција за граѓаните на Косово, како и други процеси.

Туск и Могерини од нивна страна ја искажале поддршката за Косово во интегративнит процеси.

„Туск и Могерини ја искажаа нивната поддршка за Косово во евоинтеграцискиот процес, но порачаа дека без ратификација на договорот за демаркација на границата со Црна Гора и напредокот во зајакнувањето на редот и законот нема визна либерализација за косовските граѓани“, наведуваат косовските власти.

XS
SM
MD
LG