Достапни линкови

logo-print

Турција нема да дејствува еднострано за ослободување на Рака


Турција ги поддржува плановите за протерување на Исламска држава од сирискиот град Рака, од страна на антиџихадистичката коалиција предводена од САД, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој додаде дека Турција нема да дејствува еднострано за ослободување на Рака, но оти ќе се вклучи во операцијата на коалицијата.

Во исто време шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу изјави дека сирискиот град Ал Баб, кој се наоѓа на 40 километри јужно од турско-сириската граница, како и Рака, ќе бидат следните цели, кои ќе бидат ослободени од ИД.

Турција подолг период бара создавање на безбедносна зона на границата со Сирија со цел да се протераат борцита на ИД и да се прекине мигрантскиот бран. Но, западните сојузници се уште не го прифаќаат предлогот, истакнувајќи дека тоа бара значителни копнени сили и авиони кои би патролирале над зоната.

XS
SM
MD
LG