Достапни линкови

Русија го забрани јапонскиот култ Аум Шинрикјо


Шоко Асахара, лидерот на верскиот култ.

Шоко Асахара, лидерот на верскиот култ.

Рускиот Врховен суд го смести во терористички организации јапонскиот култ Аум Шинрикјо и ја забрани групата. Групата е основана од страна на Шоко Асахара во 1984 година, но беше забранета во многу земји, откако нејзини членови извршија смртоносен напад со гасот сарин во метрото во Токио во 1995 година. Асахара и 12 негови следбеници беа осудени на смрт за нападот и за низа други кривични дела, вклучително и убиство.

Во почетокот на деведесеттите години на минатиот век Асахара ја посети Русија и беше пречекан во Москва како почесен гостин. Тој се сретна со локалните власти во Москва, со руски политички и религиозни фигури, а одржа и предавања на водечки универзитети во Москва.

Сектатата се рекламираше во голема мера во Русија, во периодот пред нападот со сарин, а Асахара плаќал по речиси 1 милион долари за дневно рекламирање, односно за еден час радио програма и половина час телевизиско претставување на култот во Русија.

А во тоа време неговата секта беше и официјално регистрирана во Министерството за правда на Русија.

Во март, Црна ГораЦрна Гора протера 58 странски државјани, меѓу кои 43 Руси, поврзани со верскиот култ Аум Шинрикјо.

XS
SM
MD
LG