Достапни линкови

Анџелина Џоли побара развод од Бред Пит


Актерката Анџелина Џоли, поднесе барање за раскинување на бракот од нејзиниот сопруг актерот Бред Пит, соопшти адвокатот на Џоли. Во соопштението се наведува дека одлуката е донесена за здравјето на семејството. Во соопштението испратено од адвокатот Роберт Офер стои дека семејството бара да му се остави приватност во овој момент. Брачниот пар е 12 години во брак и имаат шест деца, три биолошки и три посвоени.


XS
SM
MD
LG