Достапни линкови

Послаби земјотреси регистрирани во Скопје


Земјотрес со магнитуда од 2,4 според Рихтеровата скала, попладнево во 15:56 часот, е регистриран во Скопје и околината, информираат од сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Од таму соопштија дека епицентарот бил во источниот дел на скопското епицентрално подрачје и оти е почувствуван со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала.

Претходно, во 13:20 часот беше регистриран уште еден земјотрес со магнитуда од 1,9 степени според Рихтер и три степени според Европската макросеизмичка скала.

XS
SM
MD
LG