Достапни линкови

СЈО ја обжали судска одлука во случајот Транспортер


Специјалното јавно обвинителство до Апелациониот суд Скопје поднесе жалба по однос на решението на овој Суд со кое е одбиен предлогот на ова Јавно обвинителство за продолжување на притворот за градоначалникот Владимир Талески, кој е осомничениот во случајот Транспортер. Тој е осомничен за проневера на службени пари за превоз на ученици.

„Во жалбата укажавме на суштествени повреди на Законот за кривичната постапка, односно на тоа дека при донесување на одлуката со која е одбиен предлогот на ова Обвинителство по однос на мерката притвор, учествувал судија кој морало да се изземе бидејќи веќе еднаш одлучувал во истиот предмет“, се наведува во соопштението од СЈО.

По однос на решението на Апелациониот суд Скопје со кое е укинат притворот за Талески и е заменет со мерка на претпазливост, ова Јавно обвинителство нема право на жалба.

XS
SM
MD
LG