Достапни линкови

Бан Ки Мун повика да се стави крај на војната во Сирија


Со повик да се стави крај на борбите во Сирија, шефот на ОН, Бан Ки-Мун, ја отвори 71-та главна дебата на Генералното собрание на ОН. Ова е негово последно обраќање како генерален секретар на Организацијата. Во својот говор тој ја обвини сириската влада за убиство на повеќето цивили за време на петгодишниот конфликт во земјата.

„Моќни заштитници кои постојано ја хранат воената машина, исто така имаат крв на рацете“, додаде тој.

На Генералното собрание во Њујорк, кое ќе трае до 26 септември, ќе учествуваат 135 шефови на држави и влади и десетици министри. Тие ќе зборуваат против глобалните кризи, вклучително и сириската војна, нападите во светот зад кои стојат исламистичките екстремисти, а ќе зборуваат и за луѓето кои бегаат од борбите и од сиромаштијата.

XS
SM
MD
LG