Достапни линкови

Русија: слаби надежи за продолжување на примирјето во Сирија


Прекинот на огнот во Сирија може да продолжи само ако запрат нападите врз владините сили, соопштија руските власти. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека засега надежите за продолжување на примирјето се доста слаби.

„Условите се многу едноставни. Пукањето треба да запре и терористите треба да престанат да ги напаѓаат сириските војници“, изјави Песков. Тој се осврна и на, како што рече, случајните напади од страна на американските колеги, реферирајќи на бомбардирањата од страна на коалацијата предводена од САД при што загинаа 62 сириски војници.

Коментарите на Песков доаѓаат откако Меѓународната група за поддршка на Сирија, составена од земјите кои поддржуваат различни страни во конфликтот, се собраа во Њујорк.

Пред состанокот германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изјави дека светските сили мора да видат дали постои начин да се преговара повторно за примирје или пак работата е безнадежна.

XS
SM
MD
LG