Достапни линкови

Престрелки меѓу индиските и пакистанските сили во Кашмир


Индиски и пакистански војници размениле оган на спорната граница во Кашмир, соопштија индиските власти. Индиската војска соопшти вели пакистанските војници пукале во близина на градот Ури во индискиот дел на Кашмир, со што го прекршиле прекинот на огнот меѓу ривалите склучен во 2003 година. По што индиските сили возвратиле. Истовремено индиските сили спречиле во истата област 12 „терористи“ да ја преминат границата од Пакистан, при што некои од нив биле и убиени.

Инцидентите доаѓаат два дена откако 18 индиски војници и четворица напаѓачи се убиени во напад врз база на армијата во Ури.

Њу Делхи обвини дека за нападот стои милитантната група Џаиш-е-Мухамед базирана во Пакистан.

Кашмир е поделен меѓу Индија и Пакистан од крајот на британското владеење во 1947 година. И двете земји тврдат дека спорната територија е нивна и се борат за неа.

XS
SM
MD
LG