Достапни линкови

Советот на ЕУ побара мислење за апликацијата на БиХ


Советот на Европската унија денеска побара од Европската комисија да подготви план и мислење за тоа дали да се прифати апликацијата за членство на Босна и Херцеговина во Унијата, со што оваа балканска држава би можела да го започне процесот на пристапување во кој заедно со Косово е последна држава од Балканот, што се уште на почетокот пристапниот процес.

Советот на ЕУ повтори дека напредокот на секоја земја кон Европската унија зависи од индивидуалните напори и тие да се во согласност со критериумите од Копенхаген и условеноста од Процесот на стабилизација и асоцијација.

XS
SM
MD
LG