Достапни линкови

Коѕиас во Њујорк ќе се сретне со Нимиц


Никос Коѕиас

Никос Коѕиас

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во петок во Њујорк ќе се сретне со медијаторот на ОН во спорот за името, Метју Нимиц.

Ова денеска го јави грчката државна телевизија ЕРТ повикувајќи се на извори во грчкото Министерство за надворешни работи.

Според истите извори на состанокот ќе се разговара и за, како што наведуваат „политичките проблеми во Скопје“.

- „Ако не се стабилизира состојбата и ако соседната земја не добие влада не можете да имате соговорник за да се напредува во вакви прашања, ја цитира ЕРТ изјавата на изворот од грчкото МНР.

XS
SM
MD
LG