Достапни линкови

ОН ги суспендираа хуманитарните конвои во Сирија


Обединетите Нации ги суспендираа сите хуманитарни конвои во Сирија по смртоносните воздушни напади врз хуманитарен конвој во северниот град Алепо.

Портпаролот Јенс Ларке изјави дека помошта зависи од проценките на безбедносната ситуација. САД изразија згрозеност по вчерашните напади во кои, според сириски активисти, загинале 12 луѓе. Засега не е јасно чиј авион ги извршил нападите во кој загина работник на Црвениот Крст.

До ова дошло само неколку часа откако сириските власти објавија еднонеделен прекин на примирјето што го издејствуваа САД и Русија.

XS
SM
MD
LG