Достапни линкови

Пјонгјанг извршил проба на нов ракетен мотор


Северна Кореа денеска потврди дека успешно тестирала нов тип на ракетен мотор што е уште еден чекор на таа земја во програмата за интерконтинентални балистички ракети. Тестот бил извршен во присуство на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој како што јавуви севернокорејската телевизија, побарал од научниците што поскоро да ги завршат подготовките за лансирање сателит. Северна Кореа тврди дека спроведува вселенска програма, но САД и Јужна Кореа веруваат дека цел на лансирањето ракети е развој на интерконтинентални балистички ракети.

XS
SM
MD
LG