Достапни линкови

Клинтон и Трамп разменија критики за нападите во САД


Претседателскиот кандидат на Демократите Хилари Клинтон изјави дека нејзиниот ривал кандидатот на Републиканците Доналд Трамп со неговата антимуслиманска реторика им помагал на муслиманските екстремисти, вклучувајќи ја и ИД, да регрутира нови борци. Таа го обвини Трамп дека ги користи инцидентите какви што во текот на изминатиот викенд ги имаше на неколку места во САД за да освои, како што рече, „некаков демагошки поен“. Властите во Њујорк соопштија дека експлозивните направи во Менхетен и во Њу Џерси изгледаат како терористички напади поврзани со странство. Во врска со овие напади е уапсен и еден авганистански имигрант кој бил ранет откако пукал во полицијата. На еден собир во Флорида Трамп изјави дека сега уапсениот ќе добиел квалитетен медицински третман и правна заштита додека е во затвор.

XS
SM
MD
LG