Достапни линкови

Во бомбардирањето на Алепо загинале над 30 цивили


Над триесет цивили загинале вчера вечер во бомбардирањето на бунтовничките квартови во Алепо, јави сириската Опсерваторија за човекови права. До ова дошло само неколку часа откако сириските власти објавија прекин на примирјето што пред седум денови го издејствуваа САД и Русија. Според наводите на Опсерваторијата, во бомбардирањето биле оштетени и камиони со хуманитарна помош наменета за Алепо.

XS
SM
MD
LG